
Женското фудбалско прволигашко друштво го комплетираше деветото коло од првенството.
ЖФК Каменица САСА успеа да слави на гостувањето кај екипата на ЖФК Цевитана со головите на Ева Андонова и Туане Фрагосо.
– Одличен натпревар кадешто имавме иницијатива и контрола на натпреварот. Честитки за целиот тим за победата и освоените три бода, – истакнуваат од клубот по натпреварот


