ПОВЕЛЕТЕ НА СТЕНД АП ШОУТО “НЕ СЕ КУРЧИ” СО НАДИЦА ПЕТРОВА ВО ДОМ НА КУЛТУРА – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

КИЦ Романса Македонска Каменица ве поканува на стенд ап шоу во Домот на Култура. Терминот од 19:30 часот, во среда на 29. Ноември, е резервиран за почеток на настапот на Надица Петрова во “Не се курчи”.
– Повелете сите заеднички да се насмееме до солзи и да уживаме во прекрасната изведба на незаменливата Надица Петрова. Дојдете да уживате и барем за миг да заборавиме на секојдневните проблеми, – стои во поканата од КИЦ Романса Македонска Каменица
Карти за настанот, по цена од 150 денари, веќе од утре може да се набават во просториите на Домот на култура, секој работен ден од 08.00 до 15.00ч.


