28-годишен жител на Вирче ја запалил куќата на мајка му. Огнот кој тргнал од куќата, бил директна закана за повеќе грла добиток, кој негов соселанец ги чувал во куќата, но и за голем број куќи и помошни објекти, кои биле во непосредна близина на запалениот објект. Само среќата и присебноста на останатите соселани спречиле селото да не изгори. Сопствениците на другите објекти сами почнале да го гасат огнот, но и тим од делчевската противпожарна единица стигнал бргу и пожарот бил локализиран. [iframe-popup id=”3″]
Причините поради кои младиот пироман ја запалил старата куќа на мајка му, сеуште не се познати. Пироманот се здобил со кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
