Младинките на ЖФК Каменица САСА во рамки на Младинската женска фудбалска лига на Македонија ги одиграа натпреварите против првопласираната екипа ЖФК Скопје од Скопје.
– Викендов одигравме одличен натпревар со нашите млади фудбалерки против првопласираната екипа од Скопје. Младите девојки прикажаа одличен фудбал и голем напредок! Браво на сите, – изјави Зоран Златковски по завршувањето на натпреварите, притоа упатувајќил багодарност за поддршката од многубројната публика на трибините од помошните спортски терени во Македонска Каменица.


