Во заостанатиот натпревар од второто коло во „Оролоџото“ актуелниот првак на Македонија, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица, беше подобар од Вардар (68:63)

Кошаркарките на Баскет кам од Македонска Каменица ја продолжија победничката серија и во првенствените натпревари.
По освојувањето на националниот Куп на Македонија, девојките од Македонска Каменица им се вратија и на прволигашките обврски. Во заостанатиот натпревар од второто коло од „Оролоџото“ на свој терен беа подобри од екипата на Вардар со конечни (68:63).
Гостинките од скопје го добија првиот период од играта со (15:11), домашниот тим се врати во вториот, и на полувреме се стекна со предност од (36:32),
Слично се одвиваа работите и во второто полувреме. „Вардарки“ го добија третито дел (19:17), но решавачката четвртина му прадна на Баскет кам, за конечни (68:63).
Комплетната прва петорка на екипата која ја предводи тренерот Жаклина Стојановска, заврши како „двоцифрена“. Најмногу, 17 поени, даде Адамоска, Димова имаше 15, Кметовска 12, а Поп Димитровска и Николов по 11.
На другата страна, Матие, беше прва на листата на стрелците, реализираше 23. поени.
По комплетирањето на ова коло, актуелниот бранител на шампионскиот трофеј има ефект (14-2), и има предност од три поени во однос на првите пратители, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром (ефект 11-5).
Сега Баскет Кам, со освоени 30 бодови е осамен на врвот од табелата, со три бодови повеќе скопските екипи на Вардар и МЗТ Аеродром, кои го делат второто место.

