Градоначалникот Атанасовски организираше преим за екипата на Баскет Кам по повод освојувањето на Купот на Македонија
– Со огромно задоволство и благодарност за искажаната почит, во мојот кабинет извршив прием на екипата од нашата Општина, ЖКК Баскет Кам 2011 – актуелен шампион на Македонија и лидер на табелата во натпреварувачката 2023/24 сезона, – истакна по средбата градоначалникот Атансовски

Повод за нивната денешна посета е нивниот огромен успех со освојувањето на Купот на Македонија 2024 – “Благој Ѓорѓиевски – Буштур”. Нивните успеси за Македонска Каменица, како што изјави Атанасовски, значат и дополнителна промоција на нашиот град, како на национално така и меѓународно ниво, со нивното учество во јадранската WABA лига и балканската женска кошаркарска лига.
– Во позитивна атмосфера, со радост за нивните успеси разговараме за идните планови во работењето на клубот и за продлабочување на нашата меѓусебна соработка и поддршка, – додаде градоначалникот Димчо Атанасовски, кој како градоначалник на општината која бележи најголеми успеси во женската македонска кошарка, се заложи за подобрување на условите при нивните натпреварувања на државно и меѓународно ниво, како императив во работењето на нашата општина и целата заедница.

Вашиот успех е и наш успех! Вашите победи се радост и гордост на целата наша Општина. Се надевам, дека со заеднички сили ќе го продолжиме развојот на кошарката и спортот во Македонска Каменица, – стои на крајот од соопштението за јавност упатено од градоначалникот Атанасовски

