После 4 одиграни кола, екипата на Шаховскиот клуб Каменица САСА од Македонска Каменица има изгледни шанси за пласман во Втората шаховска лига на Македонија.
Остварените позитивни резултати на натпреварите одиграни минатиот викенд во Скопје, ветуваат интересна разврска, но и реални шанси за продолжување на натпреварувањата во второлигашкото друштво на шахистите од нашиот град.

После 4 одиграни кола, ШК Каменица САСА со пет освоени бодови се наоѓа на делбата на четвртото место од табелата.
Им посакуваме успеси во понатамошниот дел од натпреварувањата, кои продолжуваат на 19. Мај 2024 година, со желби за пласман во повисокиот второлигашки ранг на натпреварување.
Од ШК Каменица САСА упатуваат благодарност до љубителите на шаховската игра, до спонзорите и поддржувачите на шаховскиот клуб, каде меѓу другите, се истакнуваат Општина Македонска Каменица и Рудникот САСА.
Пласманот во второлигашкото друштво ќе значи дополнителен ангажман и зголемена потреба од финансиски и човечки ресурси за нормално функционирање на клубот и за дополнителен развој на шахот во Македонска Каменица.




