Погледнете дел од атмосферата од Младински самит, организиран од Младинскиот образовен форум, по повод Светскиот ден на вештини на младите, каде учествуваа 9 наши млади сограѓани како претставници од Здружението “Надеж – Норе” од Македонска Каменица.

– За време на самитот, претставници од младински организации од целата државата ги зајакнаа своите знаења и вештини за употреба на вештачка интелигенција при аплицирање проекти, наоѓање алтернативни извори на финансирање, управување со проекти како и привлекување публика за настани и создавање бренд на (социјални) медиуми, – истакнуваат за настанот од Младинскиот образовен форум

Преку вакви иницијативи, Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности Youth Actively Create Opportunities ги поддржува младинските организации да направат позитивни промени во заедницата и да бидат инспирација за другите.







