Во рамки на 5. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА со 3:1 ја совлада екипата ЖФК Асс Јунајтед.

Стрелци на головите за нашата екипа беа Туане Фрагосо (2) и првиот стрелец на национално ниво во досегашниот дел од првенството Ана Димитровска (1).
– Како и секогаш Асс Јунајтед е екипа која е наш незгоден противник, но сепак прикажаното од нашите девојки беше доволно за победа и заслужено ни ги носи трите бода, – велат од клубот по натпреварот, кои натпреварот го окарактеризираа какор брз и интензивен, со многу интересни ситуации и одлична реализација!
Благодарност до публиката за поддршката, – стои на крајот од објавата на ЖФК Каменица САСА

