Македонска Каменица, 23. Септември 2024 година – Културно информативниот центар „Романса” од Македонска Каменица, ги поканува љубителите на литературата и убаво напишаниот збор, на промоција на најновото литературно дело “Блескајте ѕвезди сјајни” од нашиот роднокрајен автор Филип Стоименовски.
Промоцијата ќе се одржи во петок, на 27. Септември, во Домот на култура во Македонска Каменица.
Нашите следачи имаа можност да слушнат одбрани сегменти од „Блескајте ѕвезди сјајни“ интерпретирани од авторот Филип Стоименовски. Според она што тогаш го дознавме од разговорот со него, станува збор за поезија создадена на теми поврзани со нашиот град Македонска Каменица и секојдневието во него.
Линк до нашиот видео разговор со Филип Стоименовски снимен во месец август ОВДЕ


