Македонска Каменица, 26. Септември 2024 година – Со одлична тимска игра, домашната екипа ФК Каменица Саса го совладаа велешки Борец со резултат од 2:0. Стрелец на головите за Саса беше одличниот Андреј Симевски, кој искористи две прецизно упатени асистенции од брзиот и неприкосновен на теренот, Тони Мичковски.

Овој успех носи нови три бодови за нашата ФК Каменица Саса и го одржува позитивниот дух во екипата, – оценуваат од каменичкиот второлигаш дополнувајќи дека „успехот е резултат на напорите и посветеноста на целиот тим, на стручниот штаб и на верните навивачи кои дадоа силна поддршка од трибините“.
„Ви благодариме на сите и Ве покануваме, во сабота на 28 Септември, да бидете наша поддршка и на нашиот следен натпревар на домашен терен, против екипата на ФК Арсими“ – стои на крајот од текстот на соопштението за јавност упатено од ФК Каменица Саса
Натпреварот беше дел од заостанатото 4. Коло на Втората македонска фудбалска лига. По 5 одиграни кола, ФК Каменица Саса со 5 бодови се наоѓа на девето место на табелата.

