В недела, на 29-ти септември 2024 година, Недела 14 по Педесетница, кога ја празнуваме св. мч. Ефимија, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, началствуваше во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица’’, каде после читањето на Евангелието одржа содржајна беседа.

Спасителот Г. И. Христос за време на овоземниот живот никогаш не понудил ниту раскош ниту многу задоволства и но, пак имал најмногу следбеници. Ова според човечка логика е своевиден парадокс.
Но, од друга страна Он постојано нѝ нуди духовна храна за во вечноста. Ние јадејќи телесна храна повторно ќе огладнеме, а примајќи духовна храна стекнувавме вечност. За тоа да го постигнеме треба ние до го земеме крстот и да тргнеме по Христа. И никогаш да не пребираме начин на страдање туку да го прифатиме страдањето без оглед на потешкотиите. Бог ни дава онолку колку што може да носиме. Бог не е никогаш суров и знае колку можеме, да носиме. Напротив не нѐ остава никогаш сами. Постојано да сме свесни за тоа. Така носејќи го својот крст низ искушенијата да раснеме во духовниот живот. Амин.


