Во рамки на 7. коло – Првата женска македонска фудбалска лига екипата на ЖФК Каменица САСА со минимални 1:0 го победи ЖФК Скопје 2014 за нови три бодови.
– Нова победа и плус три бода во тврд натпревар кадешто нашите девојки покажаа карактер и заслужено на крајот излеговме победници, – велат од клубот по натпреварот, изразувајќи чститки за целиот тим и благодарност до публиката за поддршката!

