ИЗВЕСТУВАЊЕ УПАТЕНО ОД ДЕЛЧЕВСКО КАМЕНИЧКАТА ЕПАРХИЈА ДО ВЕРНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА И РЕГИОНОТ
Македонска Каменица, 18. Октомври 2024 година – Делчевско – каменичката епархија упати Известување до верниците од Македонска Каменица и регионот со кое ги информира верниците дека на 03. Ноември 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован ќе чиноначалствува со Света Божествена Литургија во Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ и ќе одржи предавање во Домот на култура на тема „Верата во Христа е спасение, а суеверието е погибел“.
Известувањето од Делчевско – каменичката епархија ви бо пренесуваме во целост:
Почитувани верници!
На ден 03-ти ноември 2024год., 19-та недела по Педесетница кога го празнуваме преподобениот Иларион Мегленски, на покана на надлежниот Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, ќе се отслужи Светата Божествена Литургија на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован.
Вечерта во 17 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, ќе одржи предавање на тема: ,,Верата во Христа е спасение, а суеверието е погибел“.


