Македонска Каменица, 29. Октомври 2024 година – ФК Каменица Саса денеска извојува убедлива победа од 4:1 над прилепска Победа. Нашиот тим одигра одличен фудбалски натпревар пред домашната публика, прикажувајќи сигурна и стабилна игра.
Нашите момци излегоа на терен со јасна желба за надигрување и сигурна победа. Низ атрактивна игра кееираа бројни шанси за гол и доминираа во секој аспект од натпреварот.
Стрелци на головите за нашиот тим беа Андреј Симевски со 2 погодока, додека Махир Ајрули и Дамјан Ќосевски постигнаа по 1 погодок.
Со целосна контрола над играта и над резултатот, денеска успеавме да освоиме нови три значајни бодови, со кои ги зацврстуваме амбициите за понатамошен успех и пласман во горниот дел на табелата.




