Младите надежи на ФК Каменица Саса блескаат во есенскиот дел од сезоната!
Македонска Каменица, 25. Ноември 2024 година – Фудбалскиот клуб Каменица Саса продолжува со вложување во развојот на идните фудбалски таленти, а оваа 2014/15 натпреварувачка сезона, помладите пионери и детските категории од генерацијата 2014/15 го покажаа најдоброто од себе. Со неверојатна упорност, борбеност, дисциплина и тимска игра овие детски категории ги освоија првите места во есенскиот дел од сезоната 2024/25.

Особено важна улога во овој успех на помладите пионери одиграа тренерите Благој Димитровски и Столе Тошев, како и тренерот на нашата детска 2014/15 генерација, Ален Миленковски. Тие преку системска работа, модерни методи на тренинг и огромна посветеност, успеаја да ги мотивираат и подготват младите фудбалери да покажат извонредни резултати на теренот.

Во индивидуалните постигнувања, се издвојува успехот на Александар Митевски, кој со 8 постигнати голови е прв стрелец во есенскиот дел на Третата лига на помлади пионери. Неговиот успех е потврда за квалитетната работа во младинската школа и одличната соработка помеѓу тренерите и играчите.

Овие резултати на ФК Каменица Саса доаѓаат како плод на континуираното вложување и системската работа во развојот на младите категории. ФК Каменица Саса го потврдува своето место во фудбалот и со градењето на нови таленти кои ќе бидат светла иднина на фудбалот во Македонска Каменица.

