КИЦ „Романса“ ве поканува на детската театарска претстава „Волшебната шума“
Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица со задоволство ги поканува најмладите љубители на театарот, да присуствуваат на детската театарска претстава „Волшебната шума“, која ќе се одржи на 27 ноември 2024 година.
Претставата ќе биде изведена во два термини:
- Во 10:00 часот за најмалите дечиња од детската градинка „Бамби“,
- Во 13:00 часот за повозрасните дечиња и ученици
Оваа магична театарска авантура, преку улогите на Перуника Киселички, Владо Дојчиновски и Љубравка Киселички, ќе ги однесе дечињата на патување низ фантастичниот свет на „Волшебната шума“, исполнет со многу емоции, смеа и вредни пораки за пријателството и природата.


