Нашата Стефанија Маринковска – млада надеж во женската фудбалска репрезентација на Македонија
Македонска Каменица, 28. Ноември 2024 година – Стефанија Маринковска е 19 годишна фудбалерка од Македонска Каменица, една од најперспективните таленти во македонскиот женски фудбал. Стефанија е стандарден првотимец во редовите на ЖФК Каменица САСА, повеќекратниот шампион на Македонија, освојувач на повеќе титули во Купот на Македонија и повеќегодишен претставник на Македонија во Лига на шампиони. Со својата игра и посветеност, Маринковска остави значаен печат и на домашната и на меѓународната сцена, доволен да биде во состсвот на македонската селекција и во претстојните натпревари во Лигата на нации против Летонија и Косово.

Во дресот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Стефанија ќе биде дел од претстојните пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора. Двата натпревари се закажани за 30 ноември и 3 декември и ќе се одиграат на Спортскиот комплекс „Петар Милошевски“ во Скопје.
Маринковска, која важи за борбен играч со изразена тактичка зрелост, ќе има нова можност да го покаже својот потенцијал на меѓународната сцена. Овие натпревари ќе бидат и тест за македонската репрезентација, која продолжува да работи на унапредување на женскиот фудбал во земјата.

Со искуството од клубот и мотивацијата што ја носи националниот дрес, Стефанија Маринковска е симбол и позитивен пример за млади спортисти од нашиот град на патот кон успехот во спортот.
Честитки Стефанија, честитки!


