Шаховскиот клуб “Каменица Саса” го објави расписот за одржување на затворено општинско првенство на Македонска Каменица.
Првенството ќе се игра во машка, женска и детска категорија. Истото, ќе се игра по Бергеров систем со времетраење на натпревар од 30 минути.
Пријавувањето врши секој ден во шаховскиот клуб, како и кај претседателот на клубот, Лазо Стаменковски или Санде Ивановски, секретар на клубот.
Последен ден за пријавување е 01.12.2024 година, а натпреварите започнуваат на 02.12.2024 година.
За победниците се обезбедени пригодни пехари. Победниците ќе се стекнат со право да го претставуваат клубот на официјални државни натпревари.

