ФК Каменица Саса ќе ја пречека екипата на ФК Скопје пред празни трибини на стадионот во Македонска Каменица
ФК Каменица Саса во рамки на последното 15. коло од есенскиот дел на првенството, ќе се сретне со екипата на ФК Скопје од Скопје. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, во сабота на 07 Декември, со почеток во 13:00 часот, но за жал, овојпат без присуство на публика.
Имено, комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од ова коло во Втората македонска фудбалска лига да се одиграат зад затворени врати. Оваа одлука беше соопштена како дел од информацијата испратена до сите спортски клубови и фудбалската јавност.
Натпреварот е од исклучителна важност за двате екипи. Нашата ФК Каменица Саса, иако без верната публика на трибините, мотивирано и пожртвувано ќе се бори да стигне до нова победа и бодови со кои ќе се етаблира високо на табелата од ВМФЛ.
Натпреварот ќе биде пренесуван ВО ЖИВО на kamenica.mk


