Новогодишно изненадување за дечињата во Македонска Каменица од планинарското, ловното и доброволното противпожарно друштво

Македонска Каменица, 27 декември 2024 – Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Планинарското друштво СПАД „Царев врв-Руен“, претставувано од Димче Велков, Здружението на граѓани „Ловно друштво Каменица-Саса“, претставувано од Гоце Стоиловски, и ДПД „Саси“, претставувано од Ангелчо Стоименовски, организираа хуманитарна акција во соработка со граѓаните на општина Македонска Каменица и локални општествено одговорни компании.

Во рамки на акцијата беа обезбедени и донирани новогодишни пакетчиња и социјална помош за дечињата, како и материјали за разубавување на нивните училишта. Оваа иницијатива има за цел да го внесе празничниот дух во заедницата и да го изрази значењето на споделувањето и поддршката.

„Детската насмевка и среќа немаат цена. Во духот на празниците, повикуваме сите да се поддржуваме и помагаме еден на друг. Нека овој најубав период од годината биде време за среќа, радост и насмевки,“ истакнаа организаторите кои додадоа дека акцијата има за цел да ги инспирира најмладите да ја сакаат природата, да го развиваат спортскиот дух и да се залагаат за зачувување на животната средина.
Среќна Нова година и честит Божиќ до сите жители на Македонска Каменица!



