Нашиот Филип Николовски е ново засилување на Слога Виница. Николовски во Виница доаѓа од редовите на ФК Каменица Саса.

Станува збор за млад и перспективен играч кој е четврто засилување во тимот на штипскиот стратег Емил Грнев. Претходно, како што веќе информиравме Слога Виница се засили со искусните Иван Настевски и Тони Мирчевски од второлигашот Детонит Плачковица и Љупче Христовски од Беласица.
Слога Виница дефинитивно ќе нема проблем во пролетниот дел во Трета лига – Исток и повеќе од јасно е дека фокусот е веќе на баражот за Втора лига.

