ФК Каменица Саса го совлада Осогово на вчерашниот пријателски меч одигран во кочанското село Подлог, со минимални 0:1.
Двете екипи имаа можност да ја проверат формата, а тренерите им дадоа шанса на сите фудбалери. Нашата екипа ФК Каменица Саса, очекувано остана на победничките патеки против фенерџијата во втората лига и успева да го задржи континуитетот со успеси од есенскиот дел. Пред Осогово и новиот стратег Крсте Крстев е пеколна борба за опстанок во Втората лига.
Следниот пријателски натпревар, екипата на Саса го игра во сабота на 22. Јануари со лидерот на табелата во Трета лиги – Исток, екипата на Слога 1934. Натпреварот ќе се одигра со почеток од 14:00 часот, на градскиот стадион во Виница.


