Нови засилувања за ФК Каменица Саса во зимскиот преоден рок
ФК Каменица Саса продолжува да го зајакнува својот состав со млади и талентирани фудбалери во зимскиот преоден период. Тимот го претстави тројцата нови играчи кои ќе ја зајакнат екипата во претстојните предизвици.

Лазе Гичев, 19-годишен голман од Кочани, повторно се приклучува на редовите на Каменица Саса. Гичев е добро познат на клубот, а претходно настапуваше за екипите на Осогово и Слога 1934. Својата кариера ја започнал во школата на Фудбал Старс Кочани и се очекува да внесе сигурност на голманската позиција.

Давид Голубов, 18-годишен офанзивец од Скопје, ќе ја засили десната крилна позиција. Тој доаѓа од ФК Охрид, а во својата кариера има настапувано и за ФК Илинден Скопје. Голубов е познат по својата брзина и дриблинг, што ќе биде значајно засилување за офанзивната игра на тимот.

Стефан Коловски, 18-годишен шпиц играч од Скопје, пристигнува од редовите на ГФК Охрид. Коловски е поранешен фудбалер на младинските генерации на ФК Работнички Скопје и се очекува да внесе свежина и голгетерски способности во нападот.

„Добредојдовте во нашиот тим“, порачаа од управата на ФК Каменица Саса, со надеж дека новите засилувања ќе донесат нова енергија и свежина во играта.
Покрај трансферите, клубот продолжува со интензивни подготовки за пролетниот дел од сезоната. Контролните натпревари веќе започнаа, а во среда тимот ќе одигра пријателски меч против Башкими во Куманово. Во рамките на подготовките, Каменица Саса веќе одигра натпревари со Осогово во Кочани и Слога во Виница.

Со оваа динамика, клубот ја покажува својата амбиција за успех во престојните предизвици.

