Звонко Прангов, организатор на „Спортист на годината на Македонска Каменица“, во своето емотивно обраќање упати искрена благодарност до помагателите и поддржувачите на манифестацијата

Почитувани и мои драги каменичани,
Со огромна радост и возбуда можам да кажам дека ми се оствари животниот сон! Овој успех не е само мој, туку на сите вас кои бевте дел од оваа приказна. Ви благодарам од срце за поддршката и вербата при реализацијата на првата Манифестација за Избор на спортист на годината во нашата Македонска Каменица.
Најпрвин, сакам искрено да им се заблагодарам на Горан, Драш, на водителката Ана, Дарко, Митре, Боце, Мите, Ненад. На дечките задолжени за музичкиот дел Ненад и Аце, Виктор, на нашиот прекрасен пејач Дамјан, Дијана, Афродита, девојчињата кои помагаа на сцена. На моите од здружението Багери, Коко, Љупчо БРИЦО, Боксер, Орце Брицо, Џафер, на Гоце Даневски – кои цело време беа со мене и ми даваа целосна поддршка.
Посебна благодарност упатувам на мојот брат Драги, кој, иако живее и работи во Пехчево, никогаш не пропушта натпревар на ФК, ЖФК, ЖКК и е еден од најголемите поддржувачи на спортот. Благодарам и на мојот внук Андреј, кој постојано беше покрај мене.
Сакам да изразам најголема благодарност до градоначалникот Димчо Атанасовски за силната поддршка на спортот и спортистите во Македонска Каменица. Исто така, градоначалникот Атанасовски и советниците ја препознаа мојата визија за оваа манифестација и ми дадоа целосна поддршка за реализација на настанот.
Упатувам искрена благодарност и до сите наградени спортисти: Боки (Трајковски), Оли, Влатче, Кико, Адријан, Симон, Андреј, Моника, Ивана, Стефанија, Јорданчо, Боле, Зоки, Саше, Бале, Стево, Лазо, како и младите надежи Петар, Матеј, Стефани, Јована, пионирите на Ален, дечките на Бале, ФК, ЖКК, ЖФК, пинг-понгарите и шахистите – сите вие кои сте дел од спортот во нашата Македонска Каменица.
Посебно ги поздравувам и останатите помагатели: Анабела 2018, КАВ КАМ, ГО Пласт, НИКО СТИЛ, ДЕ ПЛАСТ, Компани Христу, Ресторан „Иднина“, Ресторан „Шизик“, Медиа Поинт, Вен Маркет, Пајо ГО, ПАЛМАС…
Не ја заборавам огромната поддршка од моите другарки: Даце, Бубе, Леки, Ана, Савче, Јована, и од моите другари: Ушко, Џомбе, Власто, Баже, Ласте, Сашо, Цоби, Бумбар, Муха, Грета. Посебна благодарност и до моите „багери“, особено до нашите најмлади багери.
Вашите честитки по завршувањето се најголем доказ дека успеавме заедно да ја постигнеме целта. Ова е само почеток – за прв пат организиравме, а од сега тоа ќе го правиме секоја година!
Ви благодарам што ме направивте среќен!
Со почит и радост,
Звонко Прангов


