Богослужба во Македонска Каменица по повод преносот на моштите на Свети Јован Златоуст
Македонска Каменица, 09 февруари – По повод Неделата на митарот и фарисејот и празникот на преносот на моштите на Свети Јован Златоуст, на 9 февруари 2025 година во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
„Овој ден нè потсетува на важноста на смирението и искреното покајание. Како што ни сведочи Евангелието, митарот со скрушено срце побара прошка од Бога, додека фарисејот самоуверено се оправдуваше. И ние сме повикани постојано да се преиспитуваме и да се обраќаме кон Бога со искрена вера,“ – истакнуваат од Епархијата.
Од таму додаваат дека Светата Литургија е секогаш можност за духовно обновување и продлабочување на верата. „Верниот народ денес пристапи кон Светите Божествени Дарови, зацврстувајќи ја својата врска со Христа и Црквата,“- стои на крајот од соопштението на Епархијата




