Прославен споменот на преподобниот Ефрем Сирин во манастирот „Св. Архангел Михаил“
На 10 февруари 2025 година, светата православна црква го одбележа споменот на преподобниот Ефрем Сирин. По тој повод, во манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Конџељ, Нишка епархија, беше отслужена празнична Литургија.
Со светата Литургија началствуваше Епископот Делчевско-каменички г. Марко, кој сослужуваше со Нишкиот митрополит г. Арсениј. На богослужбата учествуваа и бројни игумени и свештенослужители од околните манастири. Ова заедничко сослужување беше во чест на именденот на игуменот на манастирот, јеромонахот Ефрем.
По завршувањето на Литургијата, верниот народ се причести со божествените дарови, а празничното славење продолжи во духот на православната традиција.




