МФ “Јаков од Камена Река” распиша Конкурс за најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ и оваа година го распишува традиционалниот Конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик.
Право на учество имаат сите заинтересирани кои ќе испратат убаво напишана мисла – кус текст, стихови или поговорки, изработени со краснописни букви и соодветен прибор на А4 формат. Творбите треба да се достават во дигитален формат (pdf или jpg) на е-mail: jakovfestival@gmail.com, со назнака „За конкурс за краснопис“.
Крајниот рок за испраќање на трудовите е 31 октомври 2025 година.
Организаторите ги повикуваат сите љубители на убавиот пишан збор да се приклучат и да придонесат за негување на македонскиот јазик, кирилицата и краснописот.


