ЖФК Каменица САСА со убедлива победа од 8:0 над ЖФК Кочани
Во рамки на 7. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, ЖФК Каменица САСА забележа убедлива победа над ЖФК Кочани со резултат 8:0.
Најефикасни за домашниот тим беа Ана Димитровска со четири погодоци, Туане Фрагосо со два, додека Антонина Шопска и Христина Јовановска постигнаа по еден гол.
„Очекувана и заслужена победа. Имавме иницијатива и доминација низ целиот натпревар, со брзи напади и убави погодоци. Честитки за сите девојки!“ – истакнуваат од управата на клубот.


