
Во читаланата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вчера се одржа едукативна работилница во рамките на проектот „Сатирична работилница за деца“, поддржан од Министерството за култура и туризам. Ментори беа писателот и сатиричар Миле Ѓорѓијоски и младата, но успешна илустраторка Софија Ситновска од Македонска Каменица.

На Работилницата учествуваа ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“од Охрид, со нивниот наставник по ликовно Димитрија Ристески.

Заедно со гостите учениците пишуваа детски афоризми и епиграми и ги илустрираа а се запознаа и со основите на глаголицата. Децата имаа можност да ја почувствуваат историската и културна вредност на македонскиот јазик и писмо.

На овој начин организаторите успешно го поттикнаа креативниот дух кај децата и им беше отстапено време преку афоризмите да ја пронајдат во себе смислата за духовитост.

Проектот „Сатирична работилница за деца“ денеска продолжува во Кичево.

Ова беше втор наш настан во рамките на одбележувањето на Меѓународната недела на децата.

НУ Библиотека

