Македонската амбасада во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, додваат од МНР

Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е од Кочани, потврди македонското Министерство за надворешни работи. Како што додаваат оттаму, блиските на починатиот веќе се известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.
„Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција“,
се наведува во соопштението на МНР.
Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, додваат од МНР.

