ВИДЕО: https://www.facebook.com/share/v/17AoTX7JFT/
За сообраќајна несреќа меѓу две патнички моторни возила на експресниот пат Штип – Кочани, на влез во Кочани, јавува штипската телевизија МНет. Според првичните информации, објавени од МНет, има лица кои се со тешки телесни повреди. Експресниот пат од утринава беше во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот регионален пат. Увид се врши од страна на увидна екипа од ОВР Кочани. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

