Црковно-народен собир во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Јазова Чука
По повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, утре во манастирот на Јазова Чука во село Драмче, ќе се одржи црковно народен собир.

Од Црковниот одбор упатуваат покана до сите верници и граѓани од Македонска Каменица, Делчево и околните села, со своето присуство да го збогатат одбележувањето на празникот.
Како што информираат организаторите, славскиот ручек за здравје ќе се служи околу 15:00 часот, а сите посетители се добредојдени да присуствуваат на овој верски и народен собир.

Во изминатиот период, со голема посветеност и заеднички труд, пред се на жителите од селата Драмче, Тодоровци, Луковица, Илјово, Костин Дол и други околни места како и од Македонска Каменица и Делчево, целосно е завршен и новиот иконостас во манастирот.
Меѓу помагателите што дадоа свој придонес, се и членовите на Ловното друштво „М Каменица – Саса“ од Македонска Каменица, кои донираа средства за изработка на дел од иконите во иконостасот.
Собирот, како и секоја година, претставува можност за молитва, дружење и продолжување на традицијата што со децении го зближува народот од нашиот каменички и делчевскиот крај.


