Голем црковно народен собир во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Еленец во село Цера
По повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, утре (вторник) во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Еленец, во село Цера – Македонска Каменица, традиционално ќе се одржи голем црковно народен собир.

Свечената света литургија ќе започне во 08:00 часот, по што верниците ќе имаат можност да присуствуваат на пригодна народна веселба. Настанот ќе продолжи со славски ручек за здравје, кој ќе се одржи во 13:00 часот.
Од Црковниот одбор при манастирот упатуваат покана до сите верници и граѓани од Македонска Каменица, Кочани, Виница, Делчево и поширокиот регион, со своето присуство да го збогатат и заеднички да го одбележат овој значаен христијански празник.


