Скопје 2014 ја прекина победничката серијата на Каменица Саса
Македонска Каменица, 13 октомври 2025 – Во рамки на 9. коло од Првата женска фудбалска лига, вчера беа одиграни неколку возбудливи натпревари, од кои посебно внимание привлече дербито на Градскиот стадион во Македонска Каменица.
Екипата на Скопје 2014 ја прекина успешната серија на нашата екипа ЖФК Каменица Саса, совладувајќи ја со резултат од 2:0.
Со оваа победа, Скопје 2014 замина со три нови важни бодови од Македонска Каменица.

