Денес, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, беше отслужена Света Божествена Литургија по повод 19-та недела по Педесетница и празникот на Свети апостол Тома.
Во евангелското чтение според Јован (20, 19–31) се потсетуваме на јавувањето на воскреснатиот Христос пред апостолите, кога Тома, сомневајќи се, побара да ги допре Неговите рани за да поверува.
А кога Христос му се јави и му рече:
„Пружи ја раката своја и стави ја во ребрата Мои, и не биди неверен, туку верен.“
Тома со вера исповеда:
„Господ мој и Бог мој!“
Ова Евангелие нè учи дека вистинската вера не бара доказ – таа е доверба, предавање и живо среднување со Христос.
Блажени се оние, вели Господ, кои не виделе, а поверувале.
Да се укрепуваме во верата на апостол Тома и да Му го отвориме срцето на Христос, Кој секогаш доаѓа меѓу нас со зборовите:
„Мир вам!“

