ЖФК Каменица САСА оствари важна победа во младинската лига, совладувајќи го тимот на Асс Јунајтед од Струга со резултат 2:1. Натпреварот од одложеното 6. коло се одигра денес на помошниот спортски терен во Македонска Каменица.
Нашите младинки одиграа одличен меч и со ангажирана игра заслужено ги освоија трите бода против квалитетен противник. Со оваа победа, фудбалерките на Каменица САСА уште еднаш потврдија дека се сериозна млада екипа и дека ќе бидат темел на идниот состав на сениорскиот тим.


