Дербито на 11-тото коло во женската прва лига се одигра денеска во Тетово каде Љуботен славеше со 2:1 против Каменица Саса.
Домаќинките поведоа по само 8 минути игра со голот на Бразилката Евелин Шварц по нафрлувањето на капитенката Александра Марковска. Гостинките од Мaкедонска Каменица израмнија во 26. минута кога Бразилката Харуми Гоја од свртување одлично погоди по додавањето од Туане Фрагозу.

Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврпши со поделба на бодовите, Марковска во 89-тата минута упати бомба од слободен удар и ја затресе гостинската мрежа носејќи му важни три бода на лидерот Љуботен во походот кон одбрана на титулата.
Стадион „АМС“ во Тетово
Љуботен – Каменица Саса 2:1 (1:1)
Стрелци: 8′ Евелин Шварц, 89′ Александра Марковска – 26′ Харуми Гоја
Црвени картони: Хава Мустафа (Љ), тренер Зоран Златковски (КС) – двата по завршување на мечот
Главен судија: Ндерим Тефику (Куманово)
