Бозљубени браќа и сестри во Христа воскреснатиот,
Со голема духовна радост и благослов Ве известуваме дека во сабота, по повод славниот и чудотворен празник —
СВЕТИОТ ВЕЛИКОМЧЕНИК ДИМИТРИЈ – МИТРОВДЕН, во нашиот свет храм ќе се отслужи полиелејна утрена и Божествена литургија.
Богослужбен распоред:
07:00 часот – Полиелејна утрена
08:00 часот – Божествена Литургија
Да се собереме со вера и љубов во домот Господов, заедно да го прославиме Св. Димитриј – заштитникот на силата, храброста и непоколебливата вера во Бога.
Да Му заблагодариме за сите Негови добродетели и да ги принесеме нашите молитви за мир, здравје и благослов во нашите домови.
„Господ е мојата сила и мојата песна – Он е моето спасение!“ (Пс. 117,14)
Ве повикуваме сите – млади и стари, семејства и деца – да присуствувате на оваа свечена и благодатна богослужба, заедно да се помолиме и да го почувствуваме духовното единство во Христос.
Добредојдовте!
Со молитвен поздрав,
Вашиот свештеник о. Мартин и братството на храмот

