
Богослужби по повод празникот Свети Димитриј – Митровден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Париз
Во чест на големиот христијански празник Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Париз ќе се одржат празнични богослужби, информира протоерејот о. Даниел Стојчевски.
На сабота, 8 ноември, со почеток во 11:00 часот, ќе се служи утрена богослужба, а сите верници кои имаат колачи и панагии за празникот можат да ги донесат во храмот за осветување.
Следниот ден, во недела, 9 ноември, со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи света литургија.
Отец Даниел упатува топол повик до сите православни верници во Париз да се обединат во молитва и заедно да го прослават споменот на светиот великомаченик Димитриј.
Христос помеѓу нас!


