
Детска смотра на фолклорни ансамбли – Источен регион 2025 во Македонска Каменица
Во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – СОФАМ, во соработка со КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, на 9 ноември 2025 година (недела) ќе се одржи Детската смотра на фолклорни ансамбли од источниот регион. Настанот ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 15:00 часот.

На смотрата ќе настапат десет детски ансамбли од повеќе градови и села од источна Македонија:
КУД „Вера Јоциќ“ – Македонска Каменица,
ФА „Осоговски извор“ – с. Оризари, Кочани,
КУД „Ристо Донев Учителот“ – Штип,
ФА „Злеовски бисери“ – с. Злеово, Радовиш,
ЗОГ „Копачка“ – с. Драмче, Делчево,
ФА „Китка“ – с. Истибања, Виница,
ФА „Љупчо Сантов“ – с. Оризари, Кочани,
КУД „Јорем Каранов“ – Кратово,
АТМ „Митко Алексов“ – Кочани,
и КУЗ „Карпош“ – Крива Паланка.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на фолклорот да присуствуваат и со својот аплауз да ги поддржат најмладите чувари на традицијата, песната и играта.


