Македонска Каменица, 09. Ноември 2025 – Женскиот фудбалски клуб Каменица САСА запиша нова и многу важна победа на домашен терен, совладувајќи ја екипата на ЖФК Асс Јунајтед со резултат 2:0.
Стрелци на головите за нашите каменичанки беа Ана Димитровска и Гоја Тчеури, кои со погодоците ја потврдија доминацијата теренот. Натпреварот, како што истакнуваат од ЖФК Каменица САСА одигран под тешки временски услови и на тежок терен за игра.
И покрај силниот отпор на противничката екипа од Струга, фудбалерките на Каменица САСА покажаа борбеност, концентрација и одлична тимска игра. Тие ја презедоа блага иницијатива во текот на натпреварот, успешно ги искористија грешките на противничкиот тим и обезбедија заслужената победа со три нови бодови.


