На 10 ноември 2025 година, околу 16:50 часот, на патот А3, на местото викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода 60-годишниот Ј.Ѓ. од село Истибања, виничко.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето со патничко возило марка „Фиат“, кое го управувал, учествувало во сообраќајна незгода со друго возило „Шкода“, управувано од 56-годишниот М.Г. од Делчево.
При извршената контрола, полицијата утврдила дека возачот Ј.Ѓ. го управувал возилото под дејство на алкохол. Измерени му биле 2,52 промили алкохол во крвта, поради што бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


