ЖФК Каменица САСА запиша нови три бода со сигурна победа од 0:4 на гостувањето кај ЖФК Вардар во рамки на 13. коло од Првата женска фудбалска лига.
Стрелци на головите за нашиот тим беа Драгана Костова, Туане Фрагосо со два прецизни погодоци и Христина Јовановска. Иако се очекуваше полесен натпревар, домашната екипа прикажа цврста и организирана игра, но квалитетот на Каменица САСА пресуди.

