ЖКК Баскет Кам со повик за упис на нови машки и женски кошаркари до 12 години
ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица информира дека започнува со упис на нови членови и ги поканува сите деца до 12 години кои сакаат да тренираат кошарка. Од клубот велат дека пријавувањето е отворено за сите заинтересирани машки и женски кошаркари кои сакаат да започнат со спортски активности и да се развиваат во позитивна и здрава средина.
Пријавувањето може да се изврши во спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ секој понеделник, среда и петок, во периодите кога се одржуваат редовните тренинзи на клубот. Клубот ги охрабрува децата и родителите да дојдат и да се запознаат со начинот на работа на клубот и со работата на тренерскиот тим.
Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 075 309 513 кај тренерот Јордан Цветановски, кој е достапен за одговор на прашања поврзани со уписот и организацијата на тренинзите.
ЖКК Баскет Кам порачува дека со радост ги очекува новите млади таленти од Македонска Каменица и регионот.

Баскет Кам е актуелен и повеќекратен апсолутен шампион на Македонија. Важи за еден од најуспешните сениорски и младински кошаркарски клубови во државата во последните 5 години. Во изминатите сезони клубот е редовен учесник во завршните Ф4 турнири и бележи континуирани успеси со освоени бројни златни и сребрени медали во речиси сите младински категории. Овие резултати се потврда за квалитетната работа, посветеноста на тренерскиот тим и талентот на генерациите кои растат во Баскет Кам.

