КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ШКОЛАТА ЗА ГИТАРА ВО ПЕХЧЕВО
Вечерва, на 20 ноември 2025 година (четврток), со почеток во 18:30 часот, во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево ќе се одржи концерт на учениците од Школата за гитара при Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница.
Директорката Александра Давитковска информира дека настапите се подготвени како дел од редовната работа на школата, при што учениците ќе ги претстават делата што ги изучувале во текот на годината. Таа истакнува дека концертот е одлична можност младите гитаристи да ја покажат својата музичка зрелост и трудот што го вложуваат во наставниот процес.
Настанот е отворен за јавноста, а од Домот на култура упатуваат покана до сите љубители на музиката да присуствуваат и да уживаат во вечер исполнета со млад талент и пријатни музички звуци.


