Според информациите добиени од Каменичката парохија, како дел од Делчевско-Каменичката епархија, подготвени се нови информативни ливчиња со практични насоки за четири важни христијански обреди: осветување на темели, осветување на нов дом, крштение и венчание.
Ливчињата нудат јасни информации за значењето на секој обред, потребните подготовки и текот на самиот чин, со цел верниците полесно да се информираат и да се подготват кога ќе пристапат кон овие свети тајни.
Материјалите се објавени на официјалната страница на Каменичката парохија и на страницата на Делчевско-Каменичката епархија, каде што верниците ќе можат слободно да ги преземат и користат.
Од Каменичката парохија наведуваат дека овие информативни ливчиња се создадени со намера да им донесат духовна полза и благослов на сите кои ќе ги користат.





