Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица денес беше отслужена Света Божествена литургија, на која верниците се собраа во голем број. По завршувањето на литургијата, отец Мартин одржа вдахновена беседа во која ја истакна пораката од параболата за Доброто Самарјанин.
Отецот нагласи дека параболата нè повикува да се запрашаме како постапуваме кога ќе видиме човек во мака. „Дали минуваме покрај него, или го носиме неговиот товар?“ – порача тој, објаснувајќи дека Самарјанинот е образ на Христос, кој ги лекува нашите рани и нè води кон духовно исцеление во Црквата.
Во својата проповед, отец Мартин ја потенцираше потребата од вистинска, делотворна љубов. „Љубовта без дела е празен звук. Не е важно само да кажеме ‘Господи, Господи’, туку да ја исполнуваме волјата Божја,“ истакна тој. Посочи дека ближниот не е само оној што ни е близок или симпатичен, туку секој кому Господ денес го става пред нас – болни, сиромашни, ожалостени, осамени и луѓе што грешат.

На крајот, отец Мартин ја пренесе и суштинската порака: „Ниту разумот, ниту законот, ниту човечките системи можат да го спасат човекот. Само Христос ги превива нашите рани и само во Неговата Црква се обновува душата.“
Беседата беше примена со внимание и почит, оставајќи силен впечаток и јасен повик за христијанска љубов и милосрдие во секојдневниот живот.
