Роден во Њујорк во 1988 година, по што поголемиот дел од својата младост го поминал во Македонија, Европа. На 22-годишна возраст, дипломирал на Технолошкиот институт во Рочестер, на Факултетот за фотографија „Истманс“, во областа на ликовни уметности (Рочестер, Њујорк). За време на студентските години, објавил книга со фотографии, насловена како „Врати се повторно“.Кратко по дипломирањето, се преселил во Чешка, за да ја продолжи својата страст за снимање филмови, и се запишал на постдипломски студии на меѓународно реномираниот универзитет „ФАМУ“ – Факултет за филм и телевизија на Академијата за сценски уметности во Прага.
Во овој период, тој снимил повеќе од 10 студентски филмови и помогнал во многу различни форми на безброј други, учејќи за процесот на снимање филмови од сите агли. Откако го снимил својот дипломски филм и еден краток комедија филм, финансиран од Македонскиот филмски фонд, дипломирал на ФАМУ во 2015 година со магистерска теза насловена како „Имерзивниот свет на видео игрите и концептите за игри во иднината на киното“.Од постдипломските студии, Георги живее во Македонија и работи како режисер со полно работно време во една од моментално најпопуларните ТВ емисии во Македонија, наречена „Вчерашни вести“/ „Фчерашни новости“, повремено работи на рекламирање и секогаш е заинтересиран за иднината на виртуелната реалност и можностите на медиумот.
Неговото најново остварување долгометражниот игран филм„Диџеј Ахмед“ освојува голем број награди на филмски фестивали ширум светот.

