Легендарниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ денеска поднесе оставка на функцијата тренер на белградски Партизан, пишува Mozzartsport.
Како што објави овој доверлив српски портал, Обрадовиќ смета дека е време за промена на клупата на црно-белите и поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб.

Иако е јасно дека навивачите ќе застанат зад Обрадовиќ, останува да се види каква одлука ќе донесе Управниот одбор на КК Партизан, кој сега е на потег.
Партизан во последно време изгледа лошо на теренот, а синоќа во Атина претрпе тежок пораз од Панатинаикос од 91:69. Претходно го победија Студент Центар, но и пред тоа, тимот имаше два порази од Асвел и Фенербахче.
Обрадовиќ е на клупата на Партизан од јуни 2021 година и го врати овој клуб во Евролигата, меѓу најдобрите тимови на Стариот континент.
Тоа беше враќањето на легендарниот Жоц во Партизан по 28 години, а следеше ера што навивачите ќе ја паметат засекогаш.
Обрадовиќ ја започна својата тренерска кариера во Партизан, а во годините потоа стана најтрофејниот тренер во Европа со девет титули во Евролигата.
The post Шок во Партизан: Жељко Обрадовиќ поднесе оставка appeared first on Во Центар.
